Amruta

Дали за прв пат се среќавата со Сахаџа Јога? Прво ве молиме добијте ја вашата Самореализација тука.


Кога ги слушате Моите говори, запишете си ги важните работи што ги кажала Мајка и уверете се сами. Значи, образованието во Сахаџа Јога е многу важно, инаку интелигенцијата ќе ви ‘рѓоса.

Мора да имате целосна наобразба во Сахаџа Јога, не е работа само да се дава Реализација. Мора да имате наобразба, така што другите мора да знаат дека сте добро упатени.

Количината на образование што ја имате, претходно никој друг ja немал, ниту еден светец ja немал. Затоа, искористете ги сите предности.Која и да е вашата возраст, која и да е образовната квалификација, тоа не е важно, но сите треба да знаете што е Сахаџа Јога, што значи, како функционира.

Шри Матаџи Нирмала Деви, Мелбурн, 17 март 1985 година