Adi Shakti Puja: Use Your Right Side For Giving Realization Cabella Ligure, Campus (Italy)

Шри Ади Шакти Пуџа 23 јуни, 2002 г. Кабела Лигуре, Италија Денес е сосема поинаков ден за сите вас, бидејќи е Пуџа на Ади Шакти. А Ади Шакти е целосно завршена индивидуалност. Таа не е само Левата страна, која ја знаете. Сите знаете само за Левата страна, од Шри Ганеша преку неговото искачување низ различни чакри на Левата страна. Отпрвин не сакав да ви кажувам за Десната страна, бидејќи тие што поминале низ Десната страна едноставно се губат. Ја добија Гајатри Мантра од списите, но не знаеја за што се онесува таа, едноставно ја научија напамет. Исто така, не го знаеја нејзиното вистинското значење, и така тргнаа кон Десната страна и завршија во Агнија. А, потоа се обидуваа да добијат Самореализација. Им беше ветено дека ако правилно работат по Десната страна, ќе стигнете до крајната цел на Самореализација. Но, никој од нив не ја постигна. Повеќето од нив развија страшен темперамент, ужасен темперамент да фрлаат проклтство, да ги уништуваат другите. Сите овие работи ги научија преку нивното движење на Десната страна. Немаше будење на Кундалини, можеа да се искачат најмногу до Агнија Чакра. А потоа се срушија на различни места од целосно незнаење. Сите овие книги беа напишани без разбирање, дека не е лесно да се оди низ Десната страна, Но, најдобро беше да се разбуди вашата Кундалини. Кундалини директно ве води во центарот на сите чакри, до Агнија, и преминувајќи ја Агнија и оди над неа до Сахасрара, а потоа пробива низ Сахасрара. Што е толку важно за Брахмарандра, Read More …

Говор за Гуди падва пуџа Ноида (Индија)

2000- 04-05 Gudi Padwa/Navaratri Puja Talk, India Во Индија се одбележуваат два пати Навратри на Деви.  Чаитра Наваратри, во кој денешниот ден се вика Шајла Путри. Шајлапутри значи Нејзиното првото раѓање во Шивалаја. Затоа Таа се нарекува Шајла Путри, кое е само едно од многуте нејзини имиња. Но, значењето на Шајла Путри е дека Нејзиното прво раѓање е во форма на Шајла Путри. Во студената клима на Хималаите се случи раѓањето на Марија и што и да мораше таа да постигне, беше ограничена во формата на Шајлапутри. Но, понатаму од приказната знаете дека Дакша организираше Хаван. Тој не го покани Шивџи на тој Хаван. Таа беше сопругата на Шивџи. Потоа Деви, таа се вика Сати. Таа ја даде Нејзината АХУТИ (жртва) во ХАВАНКУНД (се запали од самосебеси) Шивџи дојде, го зеде Нејзиното тело и замина.  Нејзините делови од телото паднаа на различни места и ние веруваме дека на тие места веруваме дека е моќта на Деви. Како што тоа е во Виндјачал. Таа е насекаде. Нејзината моќ делува таму и тaа моќ прочистуваше сè. Тоа беше така деструктивно. бидејќи седумте сили со кои дојде заедно не се деструктивни. По ова, деструктивнaта моќ која дојде беше деснострана. На пример, на Десна страна се Савитри, Гајатри. Но, ефектот на деструктивната моќ беше тоа што едната насока отиде налево, а другата надесно и деструктивната моќ отиде во центарот. По тоа може да видите дека Деви има многу форми.  На пример, Деви во Срцевата чакра и многу други форми со чија помош Таа штити. Read More …

Adi Shakti Puja: Respect the Mother Earth, Why are we in Sahaja Yoga? Cabella Ligure, Campus (Italy)

Денес ќе направиме пуџа на Ади Шакти. Да се зборува за Ади Шакти е навистина тешка тема, затоа што не е лесно да се разбере дека Ади Шакти е моќта на Садашива. Садашива е Семоќниот Бог. Таа е Неговиот здив, како што го нарекуваат некои луѓе. Некои велат дека Таа е желбата, а некои велат дека Таа е целата моќ на Садашива, и Садашива не може да стори ништо без Нејзините моќи. Оваа тема е опишана од многу луѓе во различни книги на различни начини. Но, всушност, не треба да одиме во позадината на создавањето на Ади Шакти. За тоа барем ќе ви требаат седум предавања. Ќе дојдеме до точката кога Ади Шакти започна да работи на оваа Мајка Земја. Првото нешто што мора да го знаеме, е дека Таа ја создаде Кундалини во Мајката Земја. Го создаде и Шри Ганеша од Мајката Земја, тоа е многу интересно. Значи, Мајката Земја станува многу важна за нас. Ако не знаеме како да ја почитуваме Мајката Земја, не знаеме како да се почитуваме себеси. Изразувањето на Ади Шакти во вас е Кундалини, без сомнение. Тоа е одразот на Ади Шакти во вас. Но, одразот во Мајката Земја исто е изразен, како што сите знаете, на различни места, различни земји, различни градови, како манифестација на чакрите и креациите на Ади Шакти. Прво беше многу важно да се создаде многу света Мајка Земја за да се родат човечките суштества. Така, одразот на Ади Шакти како Кундалини најпрво беше во Мајката Земја. Треба да кажеме Read More …

Shri Ganesha Puja: He’s a giver of wisdom Shere (Индија)

Денес навистина имаме многу близок однос со природата. Целата работа, како што можете да видите многу јасно, е направена од селаните и тоа на многу едноставен начин и сигурна сум дека на сите вас тоа многу ви е убаво. Бидејќи денес е првата пуџа во Махараштра, треба да направиме Ганеша Пуџа, но секој мора Да разбере зошто е толку важно дека во Махараштра луѓето го обожаваат Ганеша. Како што знаете, има… осум Ганеша таму околу оваа област и овој триаголник на Махараштра која од едната страна има една голема планина. Од другата страна имаме друга планина што, се разбира, не е во Махараштра. А исто така на врвот имаме уште една планина. Така имаме триаголник кој е во облик на Муладара што значи дека тоа е самата Кундалини. Значи Кундалини на целиот свет живее во оваа област. Затоа таа се нарекува, треба да кажеме, Махараштра, која како земја е многу голема, нација која е многу голема. Но, не знам колку жителите на Махараштра разбираат дека живеат во земјата на Махараштра. Оваа земја која е вибрирана од Шри Ганеша има своја едноставност, има свои вибрации, еден различен стил, од друг вид. Најдобриот дел од Махараштра е тоа што ви Дава многу добро внимание. Со толку многу вибрирации од Ганеша, вниманието станува многу концентрирано и оваа концентрација ви помага на многу начини и затоа се вели дека Ганеша е создаден да се шири или да зрачат исполнетост и светост. Всушност, ако има светост, има и исполнетост. Бидејќи Ганеша е оној што всушност Read More …