Говор за Гуди падва пуџа Ноида (Индија)

2000- 04-05 Gudi Padwa/Navaratri Puja Talk, India Во Индија се одбележуваат два пати Навратри на Деви.  Чаитра Наваратри, во кој денешниот ден се вика Шајла Путри. Шајлапутри значи Нејзиното првото раѓање во Шивалаја. Затоа Таа се нарекува Шајла Путри, кое е само едно од многуте нејзини имиња. Но, значењето на Шајла Путри е дека Нејзиното прво раѓање е во форма на Шајла Путри. Во студената клима на Хималаите се случи раѓањето на Марија и што и да мораше таа да постигне, беше ограничена во формата на Шајлапутри. Но, понатаму од приказната знаете дека Дакша организираше Хаван. Тој не го покани Шивџи на тој Хаван. Таа беше сопругата на Шивџи. Потоа Деви, таа се вика Сати. Таа ја даде Нејзината АХУТИ (жртва) во ХАВАНКУНД (се запали од самосебеси) Шивџи дојде, го зеде Нејзиното тело и замина.  Нејзините делови од телото паднаа на различни места и ние веруваме дека на тие места веруваме дека е моќта на Деви. Како што тоа е во Виндјачал. Таа е насекаде. Нејзината моќ делува таму и тaа моќ прочистуваше сè. Тоа беше така деструктивно. бидејќи седумте сили со кои дојде заедно не се деструктивни. По ова, деструктивнaта моќ која дојде беше деснострана. На пример, на Десна страна се Савитри, Гајатри. Но, ефектот на деструктивната моќ беше тоа што едната насока отиде налево, а другата надесно и деструктивната моќ отиде во центарот. По тоа може да видите дека Деви има многу форми.  На пример, Деви во Срцевата чакра и многу други форми со чија помош Таа штити. Read More …

Заповеди на интелектот и неговиот ефект Њу Делхи (Индија)

Public Program, Hamari Atma kya chij hai, New Delhi 25-03-2000 Пред Вистината, Трагачите по вистината, се поклонувам пред сите трагачи по вистината. Досега не знаевме дека немаме само „вистина”. Она што нашиот интелект го сметаше за совршено, ние го прифативме како „вистина“ Бидејќи беше заведен, мозокот почна да оправдува се што сме направиле. Добро е, корисно е, само ова треба да го правиме. Човекот се оддалечи од вистината. Откако се оддалечи, непознато е во која провалија паднал. Кога ќе го видат ова, луѓето размислуваат- како ли се случи ова? Како дојде до ваква ситуација? Мудроста што човекот ја има, зошто таа мудрост се претвори во глупост? Она што требаше да се претвори во мудрост стана глупост. А таа глупост резултираше со такви нешта кои ниту нему, ниту на другите не им носат среќа. Понекогаш стануваме нервозни, кога ќе помислиме што е ова што се случува? Се случува крвопролевање и секаков вид насилство. Дури и децата не се поштедени. Многу изопачености се разбудија во нас. Имајќи го тоа во предвид, можам да кажам дека тоа е екстремна “калијуга”. Ова е екстремна граница на “Калијуга”, Во светите списи не се ни спомнува дека ќе дојде такво време. Мислам дека тие зборуваат за поедноставни нешта. Дека луѓето повеќе нема да имаат оброци во чинии од месинг, туку во метални чинии. Мислам дека многу такви формалности се напишани таму. Но, сцената пред нас е ужасна и тажна. После ова, треба да се каже, човек не го нашол својот пат. Marathi Колку далеку одлутал човекот? Read More …